Запленет златeн накит во вредност од 4 милиони денари на ГП Богородица
- Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.
Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава. дма/са/
Фото:Царинска управа