Запленети хероин и марихуана, приведен дилер од Кичево
- Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- ОВР Кичево денеска во 12:35 го приведоа Ф.И. (30) од Кичево, бидејќи кај него биле пронајдени хероин и марихуана.

Скопје, 25 ноември 2020 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- ОВР Кичево денеска во 12:35 го приведоа Ф.И. (30) од Кичево, бидејќи кај него биле пронајдени хероин и марихуана.
- По претходно добиени оперативни сознанија, на ул. Прилепска во Кичево бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба. Против Ф.И., по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, соопштија од Министерството за внатрешни работи. см/сп/