• среда, 25 декември 2024

Запленети скапоцени камења и накит вредни 230 милиони долари во истрагата против внукот на Назарбајев

Запленети скапоцени камења и накит вредни 230 милиони долари во истрагата против внукот на Назарбајев
Астана, 2 ноември 2022 (МИА) - Казахстанските власти запленија скапоцени камења и накит вредни 230 милиони долари во рамки на случајот каде се терети и внукот на поранешниот претседател Нурсултан Назарбајев, информираше денеска Агенцијата за борба против корупција на Казахстан. „По операциите за пребарување во странски земји, запленети се скапоцени камења и накит во вредност од над 230 милиони американски долари и вратени ѝ се на државата“, се наведува во соопштението. Заплената е спроведена во рамки на истрагата што се води против бизнисменот Кајрат Сатибалди, внук на Назарбајев. Сатибалди е уапсен во март и обвинет за проневера на пари од националниот телекомуникациски оператор, како и „други злосторства што ја нарушуваат безбедноста на државата“. Станува збор за првиот уапсен член на семејството Назарбајеви. Во септември тој беше осуден на шест години затворска казна. бд/

Остани поврзан