Запленети над 100 килограми дрога во Сараево, уапсен таксист
- При претресот се пронајдени над два килограма кокаин, четири килограми амфетамин, 80 килограми марихуана, 26.000 таблети екстази и 30 литри течен амфетамин. Освен дрога, запленети се и две пушки, пет пиштоли, два пригушувачи и над 400 парчиња муниција.
![Запленети над 100 килограми дрога во Сараево, уапсен таксист](https://mia.mk/index.php/images/20250206122126_big_730x400_7.webp )
Сараево, 6 февруари (МИА) – Босанската полиција заплени над 100 килограми дрога и уапси едно лице во акцијата „Такси“, објави државната телевизија БХРТ.
При претресот се пронајдени над два килограма кокаин, четири килограми амфетамин, 80 килограми марихуана, 26.000 таблети екстази и 30 литри течен амфетамин. Освен дрога, запленети се и две пушки, пет пиштоли, два пригушувачи и над 400 парчиња муниција.
Пазарната вредност на запленетата дрога се проценува на над еден милион конвертибилни марки (околу 500.000 евра).
Уапсен е таксистот Харис Мујчиновиќ од Сараево, кој се сомничи за нелегално производство и трговија со наркотици, како и за нелегално поседување оружје и експлозивни материјали, објави порталот Кликс. ссм/
фото: архива