• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, приведено едно лице

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, приведено едно лице

Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Полициски службеници синоќа на автопатот Скопје-Куманово заплениле поголема количина брендирана стока без документација од кривопаланчанец кој е лишен од слобода, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација, информира МВР.

По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ. фф/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан