• четврток, 15 јануари 2026

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Охрид, 13 јануари 2025 (МИА) - Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година.

Со палењето на огнот под вода нуркачите од „Амфора“ им ја честитаат Новата година на православните христијани како и празникот Василица, и се вклучуваат во активностите што во Охрид се организираат по повод престојните празници Богојавление - Водици и Св. Јован Крстител што во Охрид се празнува како Ден на рибарите. аб/вг/

фото/„Амфора“

 

Остани поврзан