• среда, 25 декември 2024

За непрописно вградени фолии изречени 30 санкции

За непрописно вградени фолии изречени 30 санкции
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Санкционирани се 30 учесници во сообраќајот во периодот од 14.11.2022 до 20.11.2022 година во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. На сите прекршители, соопштија денеска од МВР, им се изготвени соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/ац/

Остани поврзан