• вторник, 24 декември 2024

Заменик министерката Трајков на конференција по повод Европскиот ден на културното наследство 

Заменик министерката Трајков на конференција по повод Европскиот ден на културното наследство 

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Скопје ќе учествува на конференција посветена на Европските денови на култруното наследство.

На конференцијата, како што соопшти Министерството  за европски прашања, свои обраќа ќе имаат и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефан Худолин, Мигел Џон Верслус, академик и професор на Лиден Универзитетот од Холандија, проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитет Скопје, како и други познати и признати имиња во областа на образованието, историјата и истражувањето на културното наследство од Европа и Западен Балкан.  дма/ац/

Фото: Министерството  за европски прашања

Остани поврзан