• петок, 05 декември 2025

Заменик-претседателот на Владата, Фетаи го посети Затворот во Куманово

Заменик-претседателот на Владата, Фетаи го посети Затворот во Куманово

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, денеска го посети Затворот во Куманово, каде што беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов со неговиот кабинет, како и директорот на Затворот во Куманово, Оливер Цветковски и заменик-директорот Илбер Лимани.

Тој, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, го оценил Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, денеска го посети Затворот во Куманово, каде што беше пречекан од директорот на Управата за извршување на

Вицепремиерот Фетаи ги сослушал предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостиг на вода за пиење, проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо.

Се разговарало и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

-Пенитенцијарниот систем е еден од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди, се наведува во соопштението. ац/вг/

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи

Остани поврзан