Заменик-министерката Трајков на Националниот иновациски рамковен форум
- Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков синоќа учествуваше на Националниот иновациски рамковен форум во INNOX иновативниот центар.
![Заменик-министерката Трајков на Националниот иновациски рамковен форум](https://mia.mk/index.php/images/20250210122903_big_730x400_84.webp )
Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков синоќа учествуваше на Националниот иновациски рамковен форум во INNOX иновативниот центар.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, Трајков ја истакнала улогата на Европската Унија во поддршката на иновациите и нивното значење за економскиот развој на Македонија.
Заменик-министерката, како што е наведено во соопштението, посебен акцент посочила за важноста на европските програми како што се Horizon Europe и European Innovation Council, кои овозможуваат пристап до фондови за истражување и развој. Дополнително, акцентот бил ставен на потребата од подобрување на иновационите капацитети преку поддршка на стартапи и иновациски центри. дма/са/
Фото: Министерство за европски прашања