• четврток, 26 декември 2024

Заменик-генерален секретар на НАТО: Загриженост пред изборите во Северна Македонија пореди дезинформации и хибридни активности

Заменик-генерален секретар на НАТО: Загриженост пред изборите во Северна Македонија пореди дезинформации и хибридни активности

Брисел, 14 февруари 2024 (МИА) - Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, во денешната изјава за Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, меѓу другото се осврна и на претстојните парламентарни и претседателски избори во Северна Македонија.

Тој изрази загриженост поради ширење дезинформации и хибридни активности. - Ова многу не загрижува, гледаме активирање на локални и руски играчи, изјави Џоана. Нестабилноста на Западен Балкан не е опасна, но секогаш може да се запали искра, додаде тој.

Според него, може да се очекува дека Русија преку прокси играчи ќе се обиде да ги попречи обидите за забрзување на патот на земјите од регионот кон ЕУ. Според него, европската иднина на овој регион е од најголема важност за алијансата.

Заменик генералниот секратар на Алијансата потенцираше и дека Црното Море, Западен Балкан и Јадранот се заедничко стратешко поле од стратешки интерес за НАТО. - Црното Море е комплицирано поради географијата и регионалната рамнотежа на силите. Руската Црноморска флота се повлече, последната руска фрегата беше торпедирана од Украинците во езеро зад Крим. Можеби погрешивме и бевме премногу оптимисти во нашите очекувања за способноста на Украинците да започнат контраофанзива, но сега одиме во екстремен песимизам. Има напредок и не треба да бидеме премногу песимисти, повика Џоана.

Сепак, тој оцени дека ниту Русија, ниту Украина не се способни за голем пробив во борбите на фронтот, изјави Џоана пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, НАТО може да помогне во поддршката на поморскиот коридор за извоз на украинско жито долж бреговите на Бугарија и Романија. - Соработуваме со Украинците како со еднакви, потенцираше Џоана. Според него, приемот на Финска и очекуваниот влез на Шведска во НАТО е огромен стратешки неуспех за Русија.

Џоана додаде дека претстојат претседателски избори во Молдавија. Очекуваме Русија да дејствува против прозападната влада во Кишињев, рече тој. Џоана најави дека НАТО и Европската комисија заеднички ќе отворат центар за борба против дезинформации во Молдавија.

По повод „изјавите на политичари“ од последните денови, Џоана истакна дека земјите од НАТО напредуваат кон остварување на целта воените трошоци да изнесуваат два отсто од нивниот БДП. Според него, до неодамна само девет земји ја покриваа оваа цел, а сега нивниот број достигнува 20 од 31 сојузник. Земјите од НАТО прават напори, заклучи заменикот генерален секретар на Алијансата. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан