Зак Лавин поради повреда ќе пропушти уште еден месец
- Зак Лавин ќе пропушти 3 - 4 недели поради воспаление на десното стапало, објави прес-службата на Чикаго.

Чикаго, 7 декември 2023 (МИА) - Зак Лавин ќе пропушти 3 - 4 недели поради воспаление на десното стапало, објави прес-службата на Чикаго.
Лаин последен пат играше на натпреварот со Бостон на 28 ноември. Тој го напушти теренот со повреда, а организацијата набрзо објави дека двократниот Ол-стар ќе ја пропушти неделата поради болки во нозете.
По седум дена состојбата на кошаркарот се влоши, а периодот на опоравување се зголеми на околу еден месец.
Лавин е поврзан со трејд. Според извештаите на медиумите, Биковите се обидуваат да го заменат со друг кошаркар.
Кошаркарот ја игра својата втора сезона од 5-годишниотен договор вреден 215 милиони долари. На 18 натпревари оваа сезона, тој има просек од 21 поен, 4,9 скока и 4,3 асистенции. зс/
Фото: ЕПА