• петок, 22 ноември 2024

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк оди на усвојување во Собранието

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк оди на усвојување во Собранието
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Владата на денешната 58 седница го утврди конечниот текст на Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието. Основна цел на ова законско решение, како што информираат од владината прес-служба, е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес. аа/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан