• четврток, 20 февруари 2025

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива, како што соопшти МВР, е со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.

-Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир, потенцираше министерот Тошковски.

Координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи, како што истакна министерот Тошковски, е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. дма/са/

Фото:МВР

Остани поврзан