• вторник, 24 декември 2024

Заев: Секое одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и демократијата

Заев: Секое одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и демократијата
Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за мкд.мк. Заев меѓу другото подвлекува дека не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред се “. – Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни  бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочува лидерот на СДСМ Заев. Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија. – Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжууаат и изборните активности, истакнува во интервјуто Заев. цр/

Остани поврзан