• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Штетата може да биде голема ако во вториот изборен круг не се обединиме околу вредностите

Заев: Штетата може да биде голема ако во вториот изборен круг не се обединиме околу вредностите
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) - Штетата  може да биде голема и ќе биде заедничка ако во вториот изборен круг не се обединиме околу вредностите. Ги слушнав сите кои гласаа, почнавме и акција и корекција. Ниту една клучна политика повеќе нема да се носи без да се ве прашаме вас, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев. Како што рече, прогресивното граѓанство знае добро да го процени тоа што е исправно и не бега од одлуките, туку ги носи одлучно.Прогресиовното граѓанство е обединето, го чува и ќе го води напред нашето Скопје. По тоа и се разликува ова гласачко тело на политички определени граѓани, но и на неопределенте, кое даде клучна поддршка на нас како раководства да ја движиме земјата  напред. -Ова гласачко  тело знае да поддржи, но и да предупреди и да одржи лекција. Но, по тоа се разликуваме. Од ВМРО-ДПМНЕ до нас е голема разликата.  Дали можете да се сетите  на некое политичко раководство кое било толку критично кон себе, кое толку брзо го разбирало и уважувало граѓанскиот глас и се корегирало сега и веднаш.  Ве разбравме и постапуваме. Сите  вие кои останавте во првиот изборен круг дома не сакате режим и не сакате да се врати земјата назад затоа што знам дека вие можеби и повеќе од некои кои излегле на гласање ги вреднувате постигнувањата шти ги постигнавме заедно во изминатите четири години, рече Заев на граѓанскиот собир на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ што се одржа вечерва во СЦ „Борис Трајковски“. Наше Скопје, порача Заев, го заслужува најдоброто и ништо помалку. Можно е, остварливо е и неопходно е обединување. Укажа дека секое време има свои предизвици, оти се тешки компромисите на дипломатските маси и не се лесни ниту компромисите со себе си, но, потенцираше, должност е да одиме напред. -Тоа е единствено можно на потешкиот начин. Извлековме повеќе поуки, или ќе бидеме сите среќни или ќе нема среќа за никого, но убеден сум дека ќе го избереме најдоброто. На само еден чекор сме низбрдо, дали во 2006 година или во 2001 година и повторно да сме во кризи. Ништо не е потешко од последниот сантиметар до целта. Сме имале бројни препреки и закани по живот, но на еден сантиметар до врвот имаме најмногу комоција, но на таа точка нема да се лизнеме. Уморот ќе го претвориме во концентрација и волја и нема да дозволиме сами да си ставиме кочници на патот, посочи Заев. На први ноември, подвлече, ќе осознаеме дали самите себе си сме си поставиле кочници, бидејќи во спротивно противниците преку исходот од изборите во Скопје сакаат да го вратат режимот. Барајќи поддршка за нов мандат на градоначалникот Шилегов, како и за кандидатите за скопските  општини Центар, Шуто Оризари и Карпош порача „да не се дава Скопје на оние кои веќе го нагрдија и му ја одземаа душата“. -Скопје не е заслужува ново понижување, нови забегани експерименти и нови изживувања врз неговата урбана физионимија, тоа нема да се случи бидејќи Скопје вашето Скопје, нашето Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто.  Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот градина својата држава ги знаат своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес бидејќи тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија, најдоброто за сите, нагласи Заев. Претходно на собирот се обрати Шилегов, кој  потенцираше дека ќе прдолжат проектите за модерно Скопје, порачувајќи, меѓу останатото, да не се дозволи новиот Генерален урбанистички план да го носат ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. лв/

     

Остани поврзан