• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Традициите и културата на Бошњаците се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава

Заев: Традициите и културата на Бошњаците се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Денеска го одбележуваме 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, ден кој го симболизира враќањето на националното име Бошњак и именувањето на мајчиниот јазик на Бошњаците како босански јазик, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ профил. - Бошњаците во Северна Македонија отсекогаш биле активни во унапредувањето на нашето заедничко општество и во изградбата на институциите на нашата држава. Традициите и културата на Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и многу вреден и драгоцен сегмент во нашиот концепт „Едно општество за сите“, објави Заев. На фејсбук премиерот Заев потенцира дека Владата на Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи да ги зајакнува институционалните можности за негување и унапредување на интересите и културните особености на бошњачката заедница, како што во 2018 година во образованието на учениците Бошњаци им е вратено правото на редовна настава на босански јазик. - Денес босанскиот јазик е дел од програмата на Националната телевизија. Со честитките за вашиот празник ја испраќам и пораката да продолжиме сите заедно да градиме просперитетна иднина и благосостојба. Заеднички да чекориме по европскиот пат и да придонесуваме за подобар живот на сите наши граѓани, е пораката од премиерот Заев објавено на неговиор ФБ профил. цр/аа/

Остани поврзан