• среда, 28 август 2024

Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото

Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев им го честита стапувањето на должност на претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис. Им посакува мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат и мандат, како што вели во објава на Фејсбук, во кој е сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира. - Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на ФБ. мс/лв/

Остани поврзан