Заев: Сега е најважно обединувањето
- Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борб

Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.
Ова го напиша премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.
- Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО, објави Заев на Фејсбук. цр/нд/