• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Самоопределбата за попишување на дијаспората ја прави разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи

Заев: Самоопределбата за попишување на дијаспората ја прави разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Целата дијаспора не ни е попишана. Некаде околу 200 илјади граѓани од дијаспората се попишани, а сите знаеме дека дијаспората е голема. Тоа што останува на самоопределба за попишување на дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања денеска по објавувањето на првиот реализиран проект од новиот инвестициски циклус на Пивара Скопје. Сите тие граѓани, посочи Заев се државјани, како основ на државјанство ги има со свои адреси овде и тие се во избирачките списоци. - Од вкупната бројка кога ги гледате ја сфаќате логиката зошто сме околу милиони и осумсто илјади гласачи, а еве милион и осумсто и читириест илјади колку што точно објави Државниот завод за статистика сме жители, кои што живеат овде во државата. Заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани. Но, тоа што останува на самоопределба за попишување е кај дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи и е логично, изјави Заев. свс/аа/

Остани поврзан