• понеделник, 16 декември 2024

Заев прифати средба со Мицкоски, ќе се одржи в понеделник

Заев прифати средба со Мицкоски, ќе се одржи в понеделник
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев ја прифати понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тет-а-тет средба и таа ќе се одржи в понеделник. - Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, в понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот фејсбук-профил. Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите… сст/дма/ фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан