• среда, 27 ноември 2024

Заев: Придонесот кој СДММ го дава е пример за многу младински политички организации

Заев: Придонесот кој СДММ го дава е пример за многу младински политички организации
Скопје, 25 септември 2021 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев на покана на СДММ попладнево учествуваше на дискусија со претставници на Меѓународната унија на млади социјалисти меѓу кои и генералниот секретар Бруно Гонсалвес и потпретседателката Ана Пирцхалава. Заев се заблагодари на можноста да се обрати пред младите од Меѓународната унија на млади социјалисти. -Придонесот што СДММ го дава во овие години е пример за многу младински политички организации и партиски подмладоци не само во Северна Македонија, туку и пошироко, потенцираше претседателот на СДСМ Заев. Тој исто така се осврна кон тоа дека невработеноста, врсничкото насилство, родовото насилство, растот на национализам и екстремна десница, борбата за здрава животна средина се дел од предизвиците кои стојат денес пред младиот човек без разлика дали тој живее во овој регион или во државите членки на ЕУ, а за решавање и надминување на овие предизвици потребен е силен и постојан ангажман на младите. На крајот Заев ги охрабри младите да продолжат да бидат гласни да продолжат да се борат за себе и своите врсници, да бидат активни и да се вклучат во процесите затоа што само на тој начин самите ќе ја изградат сопствената иднина. Претседателот на СДММ Марко Михаилоски забележа дека преку одговорните и инклузивни политики на СДСМ, намалена е стапката на младинска невработеност на 29 отсто, а пред четири години таа изнесувака 42 отсто. Михаилоски истакна дека е унапреден ученичкиот и студентскиот стандард. За време на владеење на СДСМ, донесен е и Закон за младинско учество, се отвораат младински центри во сите општини. -Гласот на младите денеска се слуша и по него се постапува, нагласи Михаилоски.ир/ев/    

Тагови

Остани поврзан