• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Правецот е одреден - одиме напред, вложуваме во иднината

Заев: Правецот е одреден - одиме напред, вложуваме во иднината
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) -  Оние што сонуваат за назад, да ги оставиме таму, а секој што им сака добро на народот и на државата, бујрум на трката кон најдоброто. Целта е секогаш напред. СДСМ покажа дека реализира гигантски проекти, дека нуди решенија. Тоа што не било возможно се децении, сега е реалност, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот изборен караван во Гевгелија. Заев потенцира дека по 20 години, имаме успешен попис. -Попишани се преку 99 отсто од граѓаните, околу 1,86 милиони граѓани, 570.000 домаќинства и 840.000 станбени единици. Покажавме кој има кашпацитет, а кој нема. Сега, во една рака ни е НАТО, а во другата успешениот попис. Ова се гигантски проекти, направени на дело, подвлече Заев. На овие избори, додаде, СДСМ излегува со решенија за проблемите на локално ниво. -СДСМ и коалицијата докажаа дека работат на решенија. Затоа, внимателно на овие избори, одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на најдброто од локалното и централното е голема и влогот во овој процес е многу важен. Гевгелија знае што е најдбро, а нејзиното мото е модерна, европска и зелена општина. Ова мото е остварена заложба на Поцков од првиот до последниот збор. Правецот е одреден за постигнување на најдоброто. Треба да се продолжи напред, а Сашо Поцков е најдоброто за Гвегелија и со него одиме напред, истакна Заев. Тој најави повеќе проекти, меѓу кои доизградба на нови простории во градинката со капацитет за згрижување 100 - 120 деца, проект вреден 53 милиони денари. Парите, рече, се обезбедени, проектот е одобрен и ќе биде комплетно реализиран. Ќе продолжи и вложувањето во канализациските и водоводните мрежи, ќе почне рециклажа на отпадот, до крајот на годината ќе се затвори старата депонија, ќе се создадат услови за нова, времена, за отпад од органско потекло, вредна 300.000 евра. -Заклучете кој вложува во иднината, а кој го руши сработеното и не враќа назад, во минатото, кој ги блокира нашите животи, кој стои на патот на нашите деца и ги урива перспетктивите на државата. Јасно е дека СДСМ вложува во сегашноста и создава иднина, со нас можете да го видите јасното утре. Дргуото не е алтернатива, не е понуда - тоа е ВМРО-ДПМНЕ кое создава пробелми, партија која е со речиси истото раководство од времето на режимот, рече Заев. Според него, Мицкоски покажа дека не е ништо друго освен маска на Груевски, дека е за одбрана на криминалот. -Мицкоски се одлучи и за некрофилски политики, зборува постојано за минатото, почнува и завршува на митинзи со поранешните девојки на Заев. Сака да се врати во минатото, тоа е неговата иднина. ВМРО-ДПМНЕ мисли дека така ќе се спасат од одговорноста за направените криминали, затоа зборуваат за поништување на договорите со Грција и Бугарија, сакаат да не испокараат со сите соседи, да направат раздор дома, се за пуста желба за милиони во сопствените џебови. Петоцифрените бројки со кои се рафрлаат се пари за провизии, тајни набавки и криминали, само власт и моќ ги интерсира, нагласи лидерот на СДСМ и порача никојпат повеќе да не се повтори режимот. Пред Заев, на вечершаниот изборен караван „Најдоброто за мојата општина“ во Гевгелија се обратија и носителот на советничката листа, Миле Атанасов, како и кандидатот за градоначалник, Сашко Поцков. СДСМ денеска, предводена од лидерот Зоран Заев, својата предизборна програма и кандидатите за градоначалници ги претстави и во Богданци, Дојран и Валандово. мч/дма/  

Остани поврзан