• недела, 22 декември 2024

Заев: Пописот е почнат, по донесувањето на Законот за негово одложување сите обработени материјали ќе бидат земени предвид

Заев: Пописот е почнат, по донесувањето на Законот за негово одложување сите обработени материјали ќе бидат земени предвид
Скопје, 1 април 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека Парламентот денеска или утре ќе ги донесе измените и дополнувањата на Законот за попис за негово одлагање за септември, а бидејќи самата операција е почната согласно постојниот Закон со подготвителна фаза за теренски активности, сите материјали кои евентуално ќе бидат изработени од денеска, ќе бидат земени предвид. - Нема потреба од никакаква одговорност, затоа што со донесувањето на самиот закон сите материјали кои што се денеска изработени ќе бидат земени предвид. Јасно беше дека првите денови се подготвителни за излегување на терен на самите попишувачи, така што верувам дека нема да има потреба од никаква дилема. Со закон ја постигаме големата цел навистина сите да се вклучат во процесот на пошиување на населението, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашање по денешното пристигнување на нови вакцини од Србија. Тој нагласи дека со донесување на измените и дополнувањата на Законот за попис, кое го очекува денеска или утре, ќе нема потреба да се оди на терен, па да се правата прекини и се да продолжи од 5 септрември. - Пописот како процес почнува на 1 април, од денеска пописот е во подготвителна фаза за терен, организација на групите, систематско поставување на ракувањето и аплоудинг на самите податоци кои што ги собираат и после почнуваат теренските активности. Така што јас верувам дека Парламентот денеска или утре ќе може да ги донесе измените и дополнувањата на Законот за попис, за да нема дополнително потреба да се оди на терен, па да се прават прекини, па да се продолжи од 5 септрември па натаму. Така што официјално по Закон пописот почнува денеска, но почна подготвителната фаза на теренските активности. Верувам дека тука ќе се изменаџира, но ако во делот на завршувањето на подготвителната фаза и започне вториот чекор, односно теренските активности, секој пописен лист, односно материјал кој што е направен ќе биде сочуван и ќе биде важечки. Така што постојат технички решенија за ова прашање, рече Заев. Во Собранието во тек е седница на која на дневен ред се предлог измените на Законот за попис, со кои се предвидува негово одложување за септември, како и измените на Изборниот законик. Одложувањето на пописот за септември и измените на Изборниот законик се поднесени по договорот постигнат на средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во понеделникот. вг/см/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан