Заев - Помпео во Атина: Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години
- На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот наро

Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ, кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет, напиша Зоран Заев на својот фејсбук профил.
- Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија. Со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласивме дека европската интеграција на Северна Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот, објави на фејсбук Заев. цр/мч/
