• среда, 20 ноември 2024

Заев: Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зголеми по локалните избори

Заев: Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зголеми по локалните избори
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во врска со најавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за парламентарно мнозинство, оцени дека за тоа нема природни политички основи  и како што рече, како и да се свртат бројките нема. -Мнозинството во Парламентот е стабилно, тоа го покажа и гласањето за доверба на Владата и тоа може да расте, заради тоа што има пратеници со коишто се разговара, секогаш тоа го правиме на еден природен и едноставен начин во делот на филозофијата, проектите, уверувањата за иднината на државата и одењето напред и очекувам дека парламентарното мнозинство по локалните избори ќе порасне, слушајте ми го зборот, порача Заев. Според него, државата не може да оди напред со Мицкоски и Села, кои, како што рече, заглавени во својата националистичка преокупација како филозофија, како политичко определба, не можат да кажат дека со нив едно мултиетничко општество ќе оди напред. -Со нашата прогресивна политика, којашто испорача резултати, направи пријателство со сите пет соседи, со кои во времето ВМРО-ДПМНЕ, си го сплотивме народот дома, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои што продуцираа национализми од двете страни, рече Заев. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса сега се заедно во политичките математики во очекувања , но, наведе, тоа се два остри камења кои се тријат заради својата определба, на нивните митинзи се уште зборат за чиста Македонија, до скоро правеа протести за да ги ограничат правата на другите помалку бројни заедници, пред се, на албанската. -Овие избори не се историски но можат да имаат историски последици, затоа што од нивниот резултат ќе зависат и политиките на централно ниво, прво општините се многу важен фактор во секојдневието на граѓаните, второ резултатот од изборите и тoa како ќе има влијание за идната поставеноста на парламентарното мнозинство и извршната власт, оцени Заев..лв/фф/

Остани поврзан