• сабота, 28 декември 2024

Заев: Низ транспарентен и демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати за локалните избори

Заев: Низ транспарентен и демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати за локалните избори
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил го објави јавниот повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори што ќе биде отворен до 30 јуни. - Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Во СДСМ како демократска, отворена и инклузивна партија има натпревар на идеи и програми, пишува Заев. Тој додава дека ги охрабрува сите оние кои имаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница, поддршка од сите заедници и ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ, да се пријават на јавниот повик. - Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина, за секој град, пишува премиерот. Повикот со сите детали е достапен на веб-страната на СДСМ. ки/дма/

Остани поврзан