• вторник, 17 декември 2024

Заев и Мицкоски си подадоа рака за фер и демократски избори

Заев и Мицкоски си подадоа рака за фер и демократски избори
Скопје, 20 септември 2021 (МИА) - Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од вечерашниот тв дуел, и покрај низата меѓусебни препукувања, си подадоа рака за фер и демократски локални избори. Заев рече дека нема никаков проблем да си подаде рака со политичкиот опонент, а Мицкоски нагласи дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните. -Мора да се согласиме дека сепак, за граѓаните е најважна иднината. Да си подадеме рака за фер и демократски избори, истакна Заев. Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните. -Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозцијата зашто власта е организатор на изборите. Да не се случи тоа од 2020 година, ниту од „Бетовенова“, туку да има слободно, фер и демократско изразување, рече Мицкоски. мч/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан