• вторник, 24 декември 2024

Заев: Информирањето за трагедијата оди преку институциите, и така треба да биде, нема да ја злоупотребам оваа тема

Заев: Информирањето за трагедијата оди преку институциите, и така треба да биде, нема да ја злоупотребам оваа тема

 Тетово, 3 октомври 2021 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од централната граѓанска трибина во Тетово изрази сочувство до семејствата на починатите во пожарот во ковид болницата на 8 септември. Порача дека институциите се тие кои треба да постапуваат за трагедијата, а не политичарите.

-Дозволете да изразам уште еднаш тага и жалење и сакам да испратам сочувство до семејствата. Информирањето за трагедијата оди преку институциите, и така треба да биде. Јас вечерва нема да ја злоупотребам оваа тема, за партиски изборни цели како што тоа го прави противникот. Затоа нема да зборувам уште за тоа и уште еднаш изразувам жалење, споделувам тага за настанот кој длабоко не погоди, рече Заев.  

Тој порача дека наместо на политиканство и профитерство се посветени на конкренти мерки и политики.

-Државата во овие четири години ја поставивме на исправен пат, пат кој не одведе во НАТО како 37-ме земја на најсилниот сојуз во светот. Тетово знае што е конфликт што носат пукотници и детонации но тоа нема да се повтори. Денес сме членка на НАТО, имаме  безбедност мир и просперитет еднакова за сите, рече Заев.

Тој потсети дека денес се живее концептот едно општество за сите.

-Не се гледаат заедниците преку визир на омразата, туку преку соработка и разбирање. Тоа во Тетово најдобро го знаете, истакна лидерот на СДСМ.

Заев рече дека СДСМ е сериозна разлика од ВМРО - ДПМНЕ на Мицкоски. Им порача дека нема да им излезе есапот, бидејќи помина времето на деструктивни политики кога на меѓуетничките конфликт го подигаа својот рејтинг.

-За пусти пари и власт влегоа во брак со Алијанса за Албанците, брак кој е осуден на развој. Гледајте во ноември развод на бракот. Затоа што „Чиста Македонија“ и „Македонци-варвари“ не одат заедно. ВМРО нема да гласа за Алијанса и Алијанса нема да гласа за ВМРО. Затоа што се како два остри камења кои се тријат и затоа ќе си останат во опозиција и заробени таму во минатото,  рече Заев од Тетово. ас/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан