• среда, 25 декември 2024

Заев: Времето на неказнивост го оставаме во историјата

Заев: Времето на неказнивост го оставаме во историјата

Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) – Правосудниот систем е независна власт и денеска гледаме дека ги има сите околности да спроведуваат истрага без влијание и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.

- Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир, пишува Заев на фесбук.

Според премиерот, тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинсвото на граѓаните.

-Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата, порача Заев. бк/ац/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан