• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Во Охрид демонстрирани на дело европските политики на СДСМ

Заев: Во Охрид демонстрирани на дело европските политики на СДСМ
Охрид, 9 октомври 2021 (МИА) – Партиското членство на СДСМ и на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ заедно со симпатизерите и граѓаните вечерашниот централен предизборен митинг во Охрид го почнаа со аплауз посветен на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски кој, како што рече партискиот лидер Зоран Заев, една и пол година му служеше на градот, човекот кој го отпочна искучително успешниот мандат на локалната власт предводена од СДСМ. - Којзнае што ќе останеше од предорбеничкото жариште, од културниот и духовниот центар Охрид околку навреме не ставевме гума за спасување. Режимот го ставивме во минатото каде му е местото, а Охрид го спасивме, го понудивме најдоброто и најдоброто ќе продолжи да победува, истакна лидерот на СДСМ пред охриѓани. Заев истакна дека УНЕСКО ги препозна напорите на Владата и на Локалната самоуправа во Охрид предводена од актуелниот и идниот градоначалник Константин Георгиески природното и културното богатство на Охридскиот регион да не биде поместено на листата светско наследство во опасност. - Но, работата не е завршена, мораме да продолжиме да дејствуваме по препораките на УНЕСКО, а тоа можеме со максимална ангажираност и посветеност и секако заедно. Владата силно се посвети да помогне на сите општини, но од исклучителна важност е оваа проевропска влада да продолжи да соработува со проевропски кадри во општините, рече Заев. Лидерот на СДСМ рече дека отстапки и враќање назад не се опција, отворени се европските перспективи, обезбедени се границите на државата и националниот идентитет за навек... - Тоа е патриотизам на дело на кој секој треба да се гордее, но и должност на секој да се вклучи и да придонесе. Покажавме на дело што значи да се работи со јасен план и идеја за секоја општина, рече тој притоа потсетувајќи на стореното за поддршка на сите области од живеењето во време на исклучително предзвици наметнати од пандемијата...Обезбедивме 500 милиони евра за проекти само на локално ниво, рече меѓу другото Заев. Како најдоброто од доброто тој истакна дека повеќе никој не зборува за режим, никој не зборува за отпуштање од работа, во време на пандемија платите растат. - Денес тема не се ниту изолација однадвор, ниту режим одвнатре, денес тема е квалитетот на животот на граѓаните во родната земја, тоа е европски, тоа се еворпски политики на дело кои можат да ги спроведат само проевропски кадри кои веруваат во идеја на заедништво и вредности, рече Заев. Најави активности за утврдување начини за функционално управување со плажите на Охридското Езеро, заштита на културното богатство и грижа за историското наследство на градот со проектот „Урбана култура“, „Охрид на еден клик“ за официјален портал за градот со сите информации и туристичката понуда, како и зелена оаза, проект за уредување на Билјанините извори, касарната, заштита на Студенчишкото Блато, нови тревници, зајакната соработка со бизнис-заедницата, повеќе проекти наменети за поддршка на младите во градот. Тој побара од граѓаните да придонесат за продолжување на континуитетот на напредокот на Охрид, барајќи ја поддршката за уште еден мандат на успешниот градоначалник Георгеиски. - Константин покажа на дело дека работи одговорно, чесно и домаќински, за да овозможи современи услови за живење на сите граѓани. Кога беше најпотребно тој покажа грижа за природните, културни и духовните вредности на градот на дело. Заедно со советниците можеме да постигнеме уште многу повеќе. Костантин ја имаш поддршката да создадеш од Охрид европска општина за почит, за пример затоа што тоа е најдоброто за Охрид, за сите нас што го сакаме градот, рече Заев. Кандидатот на СДСМ и се уште актуелен градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, најави продолжување на успешната политика и грижа за градот со уште позасилено темпо. - Со силна желба и голема упорност покажавме и докажавме што значи љубовта кон Охрид, ја раздолживме општината и преку ефикасен менаџмент реализиравме проекти кои беа ветувани со децении, Охрид доживеа вистински развој, инвестиравме во инфраструктурата, во образованието, во проекти за младите и секаде каде што е потребно, направивме квалитетна разлика и создадовме нови можности и за охриѓани и за туристите, вложени се средства како никогаш досега, а нашата работа е видлива на дело, порача Георгиески. Тој потсети на притисоците во врска со статусот на градот и регионот во УНЕСКО, нагласувајќи ги одлучните чекори на локалната и централната власт во насока на исполнувањето на препораките на светската организација. - Постапивме и ги спроведовме сите препораки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро. Нашите заложби беа поздравени од сите меѓународни институции, релевантни експерти и на крајот јасно валоризирани од УНЕСКО, дадовме вистински пример за владеење на законите и покажавме дека правната држава е над сите лични и бизнис интереси на поединци, нагласи Георгиески. Тој уште потсети дека наспроти обидите на опозицијата за дисквалификации и креирање лажни слики за хаос, граѓаните и туристите изминатото лето уживаа во слободните плажи, без диви градби и бетон. - Додека јас решавав проблеми и реализирав проекти, оние другите, седеа зад тастатурите, пишуваа лаги и критикуваа. Но еве дојде време да се пресметаме, дојде време да ги соочиме фактите и да ја видиме вистината, дојде време на дела наместо на празни зборови, порача Георгиески. Пред граѓаните на Охрид свое обраќање имаше и носителот на листата за советници, претседателот на Општинската органзиација на СДСМ, Науме Јованоски – Чакар најавувајќи проекти насочени кон целосно исполнување на препораките за заштита на природното и културното наследство, проекти за квалитетна инфраструктура, подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите. аб/ац/

Остани поврзан