• сабота, 23 ноември 2024

Загрозени риби, сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото

Загрозени риби, сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото
Кавадарци, 14 септември 2021 (МИА) - Загрозени се рибите поради нагло испуштање на вода од Тиквешкото Езеро, реагираа денеска сопственици на рибници поставени во втората по големина вештачка акумулација во државата. Ристе Димов, сопственик на рибник, соопшти дека Здружението на рибопроизводители, кое е значаен дел од Аквакултурата, бара да се прекине со несовесното испуштање на водата од езерото. Димов потсети дека лани во периодот од 20 октомври до петти ноември, поради нагло испуштање на вода, во кафезните фарми лоцирани на Тиквешко за одгледување и производство на конзумен крап, се случи масовен помор на риби. - Како директно погодена фарма, имавме загуба од 52 тони риба, нагласи тој. Димов појасни дека минатата година им било ветено дека нема да има нагло испуштања на вода од езерото заради производство на струја, во вегетациски период кога температурата на водата е висока и метаболитичките процеси на крапот се оптимални. Но, додаде дека годинава повторно стравуваат од помор на рибите во рибникот. Димов рече дека изминатите десетина дена повторно имало нагло испуштање на вода. Во услови кога надворешните температури и температурата на водата се релативно високи, при активен вегетациски период, оптимални услови за метаболитички процеси кај крапот, што условуваат со потреба за растворен кислород во водата. - А кислородот е на значително минимално ниво, поради испуштањето на водата, нешто што го загрозува рибниот фонд, дециден беше сопственикот на кафезна фарма на Тиквешко Езеро. свд/мс/

Остани поврзан