Загина пешак кај кочанското село Тркање
- Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.

Штип, 21 септември 2024 (МИА) - Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.
Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи.
Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден. вдј/бак/
Фото: МИА архива