• понеделник, 23 декември 2024

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

Тетово, 18 август 2022 (МИА) - Со завршна конвенција кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата го означија крајот на кампањата за вонредните избори за Совет на Општина Тетово што треба да се одржат во сабота 20 август. На конвенцијата покрај носителот на листата Глигорије Стојановски, се обрати и претседателот на општинската организација во Тетово, Живе Алексовски, како и партискиот претседател Димитар Ковачевски.

-Голема е привилегијата, уште поголема обврската да бидете кандидати на СДСМ и коалицијата. Вашиот глас ќе биде гласот на сите граѓани и ќе мора да работите за нив, да двоите од вашето време за наоѓање конструктивни решенија во Советот во интерес на граѓаните. Мои сограѓани, претстојните избори се важни, да ги оставиме поделбите и да се обединиме, за заеднички да го направиме нашиот град подобро место за живеење. Ова се луѓе кои се секојдневно до граѓаните, истакати и почитувани. Број 1 е за подобро Тетово, модерно Тетово, за европско Тетово, порача до кандидатите, Живе Алексовски.

Носителот Глигорије Стојановски порача дека со помош на Владата на СДСМ ќе продолжат решавање на проблемите во градот кои се важни за граѓаните.

-Нема да сопреме во заложбите Тетово да биде модерен и европски град. Пробивање на патишта и улици, реконстррукција на веќе постоечките сообраќајници, нов спортски комплекс и пуштање во употреба капелата на гробиштата се само дел од проектите кои се залагаме како идни советници. Граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од подобрување на условите за живот во Тетово, порача Стојановски.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски потсети дека со помош на Владата се спроведени голем број проекти во Тетово, како и дела ќе се продолжи тоа да се прави и во иднина.

-Само пред неколку дена во наше Тетово најавивме дека ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на автомобилската индустрија и наш македонски бренд кој ќе се продава во другите држави. Денес камен темелник, но утре ќе биде работно место за 900 работници од Тетово и соседните општини, место каде ќе соработуваат и други компании. СДСМ во четири години на централната власт во Тетово вложија многу повеќе отколку 20 години претходно. Веќе четири години не е изолирана општина, туку се развива на секое поле, порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека советничката листа целосно ќе застане зад иницијативата „Тетово сака парк“ и се ќе се стори Тетово да добие нов градски парк.  Тој истакна дека СДСМ ги реши најголемите стратешки предизвици на државата и најави дека ќе стане членка на Европската унија. ас/сст/

Остани поврзан