• понеделник, 07 октомври 2024

Завршна изложба и хуманитарна аукција на уметнички фотографии за заштита на птиците во земјава

Завршна изложба и хуманитарна аукција на уметнички фотографии за заштита на птиците во земјава

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) - Во просториите на Централна управа на ПроКредит банка вечер ќе се одржи „Изложба и аукција за заштита на птиците во Македонија“.

Со хуманитарната аукција на изложените фотографии чиј автор е Велиан Јагев, се заокружува патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на државата. Изложбата посети шест градови во земјава, почнувајќи од 2 јуни до 18 јуни.

-ПроКредит банка со гордост го поддржува овој проект чија цел е подигнување на свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и за биодиверзитетот. Како пример за одговорност, ПроКредит Банка веќе 20 години поставува стандарди за одржливост и одговорност и преку своите активности континуирано придонесува кон зачувување на животната средина, се наведува во најавата за настанот. мч/вг/

фото: Велиан Јагев

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан