• сабота, 23 ноември 2024

Заврши 36. Поетска ноќ во Велестово

Заврши 36. Поетска ноќ во Велестово

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Заврши 36-то издание на поетската манифестација Поетска ноќ во Велестово. На фестивалот што се одржа во преубавиот амбиент во охридско Велестово, настапија поети од земјава, од Хрватска, Ирска, Србија и од Кина, а беше претставен поетски портрет на авторката Елизабета Баковска.

Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“.

Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската кантавторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ.

-Заврши уште едно успешно издание на фестивалот Поетска ноќ во Велестово, настаните беа посетени од многубројна, внимателна и посветена публика, па би сакале да им се заблагодариме на сите што присуствуваа, како и на нашите гости што со нивната убава поетска мисла, со музиката и со фотографиите со кои се претставија создадоа магија и на сцената, но и во сите неофицијални дружби и прошетки во Велестово и во Охрид. Голема благодарност и до поддржувачите на фестивалот, изјавија организаторите.

Фестивалот го овозможија Министерството за култура, Општина Охрид, „Традуки“, а негови помагатели се Хрватското друштво на писатели (ХДП), како и компанија од финансискиот сектор и поголем број локални фирми. вг/

Фото: организатори на фестивалот

Остани поврзан