Заврши 24-часовната студентска блокада на белградска Автокоманда
- Студентската блокада на белградската населба Автокоманда заврши околу 10 часот и во текот на ноќта немаше никакви инциденти во областа.
Белград, 28 јануари 2025 (МИА) – Студентската блокада на белградската населба Автокоманда заврши околу 10 часот и во текот на ноќта немаше никакви инциденти во областа.
Според извештаите на српските медиуми, студентите го расчистиле просторот што го блокираа од вчера во 10 часот, додека градските служби го отстраниле ѓубрето и преносливите тоалети кои биле поставени на локацијата.
Полицијата и обезбедувањето го координирале повлекувањето на студентите од една од најфреквентните сообраќајници во Белград. Сообраќајот сега се одвива нормално. јт/
Фото: МИА архива