Заврши светлосната инсталација „React/or" на Македонска пошта
- „React/or" е светлосна инсталација која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта.

Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) – „React/or" е светлосна инсталација која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта.
Инсталацијата, која заврши минатиот викенд, е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект.
Во соработка е со Младински културен центар - МКЦ, Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија".бт/са/