• недела, 28 јули 2024

Заврши реконструкцијата на училишната спортска сала во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Заврши реконструкцијата на училишната спортска сала во кумановската гимназија „Гоце Делчев“
Куманово, 2 јуни 2022 (МИА) - Заврши реконструкцијата на училишната спортска сала во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните од училиштето и од општината. Реконструкција на одвоениот објект, опфати целосно заменет систем за греење, осветлување и нова подна површина.
- Реновирањето на фискултурната сала е завршено, веќе од есен во наредната учебна година нашите сегашни и идни гимназијалци со задоволство ќе можат да ја користат. Покрај часовите за спорт, салата ќе послужи и за подготовки за многуте спортски активности и настани на кои секогаш успешно се претставуваат, информираа од гимназијата.
Со реконструкцијата на одвоениот училишен објект привршува и обемната реконструкција на кумановската гимназија. Целосната реконструкција на гимназијата почна на почетокот на учебната година со замена на прозорците и вратите на сите училници, обнова на покривот на централниот дел на училиштето, замена на азбестната кровна конструкција на училишната спортска сала. Проектот чини околу 21 милион денари, а средствата се обезбедени од општината.
- Се заокружува проектот реконструкција на училишната зграда, за што сме особено горди и среќни. Гимназијата блеска како никогаш порано, траен и препознатлив белег на Куманово, информираа од училиштето.
Претходно, беа набавени Смарт табли и нови компјутери, друг материјал потребен за кабинетите по биологија, физика, хемија, информатика и музика. Во гимназијата настава следат 950 ученици.ам/сх/

Остани поврзан