• сабота, 23 ноември 2024

Заврши реконструкцијата на патот Челопек-Коинце во општина Старо Нагоричане

Заврши реконструкцијата на патот Челопек-Коинце во општина Старо Нагоричане

Куманово, 10 септември 2023 (МИА) - Заврши реконструкцијата на патот помеѓу селата Челопек-Коинце во општина Старо Нагоричане. За реконструкцијата на 1,1 километар одвиени се 4.8 милиони денари. На завршувањето на реконструкцијата присуствуваа претставници од локалната власт и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

-По цели 30 години реконструиран патот Челопек-Коинце во Општина Старо Нагоричане. Заедно со заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, присуствував на пуштање во употреба на патот Челопек-Коинце, кој се реконструираше благодарение на соработката централна-локална власт, изјави Спасовски. 

За реконструкциијата обезбедени се 4.8 милиони денари од Центар за развој на Североисточниот плански регион. 

-На мое големо задоволство, жителите тука ја препознаваат грижата, дека животот оди на подобро!
Продолжуваме со заложбите за модерна инфраструктура - во секое место обезбедуваме безбедни патишта, го забрзуваме и олеснуваме животот на нашите граѓани, за достоинствени услови и за повисок животен стандард, вели Спасовски. 

За оваа општина издвоени се средства за реконструкција и изградба на уште два други патни правци од Сув ора до Карпино и од Драгоманце до Стрновавц и за изградба на детско игралиште. ам/дма/


Фото: ФБ Оливер Спасовски

Остани поврзан