• сабота, 23 ноември 2024

Заврши расчистувањето на речното корито на Пчиња кај Пелинце

Заврши расчистувањето на речното корито на Пчиња кај Пелинце
Куманово, 31 јули 2021 (МИА) - Заврши чистењето на речното корито на Пчиња кај Пелинце, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Екипите го расчистија потегот во должина од 7.000 метри од село Коинце до Пелинце. - Речното корито е исчистено, обезбеден е проток на вода. Условите за чистење беа одлични, со оглед на намалениот водостој на реката, изјави директорот на кумановската подружница Оливер Илиевски. Продолжува и расчистувањето на речното корито на Крива Река од Клечовце до Бељаковце. - Ќе се задржиме на критичните точки каде често има излевање на речното корито за да спречиме излевање на речата и штети на земјоделските обработливи површини и куќите покрај Бељаковце, Јачинце и Клечовце,изјави Илиевски. Кумановската подружница го исчисти и одводниот канал во село Доброшане од половина километар. Претходно, завршено е расчистувањето на одводните канали во општините Липково и Ранковце. ам/ац/

Остани поврзан