• среда, 25 декември 2024

Заврши проектот јапонската програма GGP во гостиварската болница

Заврши проектот јапонската програма GGP во гостиварската болница
Гостивар, 13 октомври 2022 (МИА) - На пригодна свеченост во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ беше означено завршувањето на проектот што го спроведе амбасадата на Јапонија во Македонија. Преку „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP), болницата лани се опреми со апарат радиолошко снимање. Јапонскиот амбасадор, Савада Хиронори во обраќањето напомена дека му претставува задоволство што Јапонија успеала да му помогне на македонскиот народ за да добие подобри здравствени услови во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, како еден од столбовите на соработката. - Драго ми е дека со овој апарат на Одделението за радиологија се извршени осум илјади прегледи и помогна вршењето на прегледи на бели дробови на пациенти со КОВИД19, рече амбасадорот Хиронори. Тој нагласи дека Јапонија останува посветена во поддршката на социјалниот и економскиот развој, што, како што вели, е важен фактор за евроинтеграциите. Донацијата, според Јакуп Јакупи првиот човек на болницата, која е реализрани лани, значајно помогнала во подигање на квалитетот на здравствената заштита и пружање услуги на над 100 илјади пациенти во регионот. - Со оглед дека здравтвените протоколи не дозволуваа да направиме свеченост, во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до јапонскиот народ за донацијата и дека таа дојде во вистинско време. Со овој апарат минатата година беа извршени речиси половината од сите прегледи во радиолошкото одделение и беше исклучително корисен во дијагностицирањето, изјави Јакуп Јакупи директор на болницата „Ферид Мурад“. Амбасадорот Хиронори оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар со кого разговарале за актуелните состојби и можностите за соработка и ја искористи можноста јавно да се заблагодари на досега направеното. - Со помош на Амбасадата, како општина во поново време добивме поддршка за планинарската куќа во село Вруток, медицински апарат во здравствениот дом во Чегране и современ апарат за радиолошко снимање во болницата. Ме радува дека таа соработка е врз основа на претходно потпишан меморандум за соработка, а тоа е доказ на алтруизмот и длабокото пријателство кои ги негуваат Јапонците, рече Таравари. Од 1996 година Јапонија реализирала повеќе проекти во секторот за здравство, образование и животна средина во Северна Македонија. Досегашната поддршка од Јапонија изнесува вкупно 8,5 милиони евра, средства со кои биле поддржани повеќе од 151 GGP проекти. Во рамки на програмата во општина Гостивар реализирани се пет проекти чија вредност е околу 233 илјади евра. згм/сст/

Остани поврзан