Заврши презентацијата на материјални докази од страна на обвинителстовото во случајот „Меѓународен сојуз“
- Со презентација на материјални докази денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинителката Ивана Трајковска, објасни дека со изведување на овие д
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Со презентација на материјални докази денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Обвинителката Ивана Трајковска, објасни дека со изведување на овие докази заврши постапката на презентација на материјални докази од страна на обвинителството.
Обвинетиот Бојан Јовановски, во однос изведените материјални докази (133 вкупно), рече дека станува збор за докази кои никако не можат да го оправдаат обвинителниот акт, ниту пак обвиненијата за перење пари, односно за незаконско држење оружје.
За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за кривично дело „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“. За исто кривично дело „помагање во измамата и перење пари“, е обвинета и Јасна Мандиќ, односно обвинетиот Миле Јовановски е обвинет за кривичното дело „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. оџ/аа/