• петок, 05 декември 2025

Заврши ликовната колонија „Куманово 2025“

Заврши ликовната колонија „Куманово 2025“

Куманово, 12 август 2025 (МИА) - Заврши традиционалната ликовна колонија „Куманово 2025“. Уметниците ги презентираа делата во комплексот Етносело „Тимчевски“, изработени на 51-то издание на меѓународната колонија.

- Уметниците создаваа дела на слободна тема, во повеќе ликовни техники: масло на платно, акрил, комбинирана техника и слично. За време на петдневната ликовна колонија, учесниците имаа можност да посетат неколку културно – историски знаменитости во Куманово и околината, изјави историчарот на уметност, Драгана Спасковска, кустос советник во музејот.

 Годинава твореа единаесет автори од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.

 Настанот е под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово и НУ Музеј – Куманово.

 - Особена благодарност упатуваме до сите уметници за нивната посветеност, до Министерство за култура и туризам на Република Македонија, Општина Куманово како и до љубителите на уметноста кои го следеа настанот. Веруваме дека создадените дела ќе го збогатат нашето културно наследство и ќе поттикнат нови генерации на уметници, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.

 Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, основана е во 1974 година, минатата година одбележа голем јубилеј-50 години постоење. ам/дма/


Фото: Општина Куманово и НУ Музеј

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан