• недела, 28 јули 2024

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово

Куманово, 25 септември 2023 (МИА) - Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово, објавија денеска надлежните. - Поставени се четири нови детски катчиња кај локалитет „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во Черкези, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје. Претходно беше предвидена изградба на нови шест детски катчиња. Сепак, по проценка на финансиските планови општината одлучи да изгради четири. Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот беше избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана каде пак во тек е изградба на паркот. Надлежните велат дека размислуваат за различни можности за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан