• сабота, 23 ноември 2024

Заврши изградбата на пречистителната станица во село Пласница

Заврши изградбата на пречистителната станица во село Пласница
Кичево, 9 март 2022 (МИА) - Пречистителната станица за отпадни фекални води што почна да се гради кон крајот на минатата година во село Пласница е целосно завршена. Сега се очекува изградбата на цевководот и канализациската мрежа во селото. Средствата за оваа намена во износ од 90.000 евра се обезбедени од Министерството за локална самоуправа. Градоначалникот на Општина Пласница, Алија Јахоски истакна дека новата пречистителна станица е од контејнерски тип. Најави дека наскоро ќе биде објавен тендер по што ќе биде избран најповолен понудувач, што ќе ја изгради канализациската мрежа во дел од селото и цевковод до пречистителната станица. - Пречистителната станица за отпадни фекални води што кон крајот на минатата година почна да се гради во непосредна близина на река Треска целосно е завршена и сега се очекува да биде објавен тендер за изградба на канализациска мрежа во село Пласница, од каде овие води ќе бидат доведени до пречистителната станица, по што во коритото на река Треска ќе се испушта вода со висок процент на чистота. Новата пречистителна станица е од контејнерски тип, турска технологија, а е димензионирана за 1600 жители, што значи дека ќе ги пречистува фекалните води на половина жители од селото, рече Јахоски. Тој посочи дека до крајот на летото очекуваат да биде завршена канализациската мрежа и пречистителната станица за отпадни фекални води да почне со работа. - Вредноста на новата пречистителна станица изнесува 5 500 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за локална самоуправа. Во втората фаза, ќе се изгради уште една пречистителна станица со ист капацитет и канализациска мрежа во селото и колектор до пречистителната станица, со што овој проект ќе биде целосно завршен, нагласи Јаоски.за/фф/

Остани поврзан