• вторник, 24 декември 2024

Заврши изградбата на отворен канал за атмосферска вода во Берово

Заврши изградбата на отворен канал за атмосферска вода во Берово

Берово, 24 јули 2024 (МИА) - Во Берово  заврши изградбата на отворен канал за атмосферска вода покрај улицата „Вељко Влаховиќ“. Со изградбата на овој канал, кој е во должина од 415 метри, како што информираа од Општината се заштитуваат имотите на жителите при појава на поројни дождови. 

-Изградениот атмосферски канал е во должина од 415 метри, со широчина од околу 2 метри. Со изградбата на овој канал,  значително се подобрува квалитетот на живот, на жителите, кои живеат во овој дел од градот, при што  се заштитуваат нивните имоти, од поројните дождови, кои се интензивни заради климатските промени, а воедно тие добиваат и соодветен пристап, до своите домови, информираа од Општината. Напоменувајки дена атмосферската вода е изведена соодветно, со што се решаваат долгогодишните проблеми на жителите, кои живеат во овој дел од градот.

Каналот, како што додадоа оттаму, е изграден со средства од Буџетот на РСМ, доделени како капитални дотации наменети за финансирање на општински проекти.

-Вкупната вредност на проектот е  5.365.702,00 денари, од кои 4.654.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина, преку Програмата за третман на отпадни води, а останатите ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, додадоа од Општина Берово.

Ваквите капитални проекти, посочија дека се од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Берово. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан