• сабота, 23 ноември 2024

Заврши доизградбата на патот меѓу карбинските села Радање и Оџалија

Заврши доизградбата на патот меѓу карбинските села Радање и Оџалија

Штип, 26 април 2024 (МИА) - Заврши реконструкцијата на патниот правец од село Радање до село Оџалија во општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека е поставена еднослојна асфалтна маса на улицата во должина од 340 метри, која била од огромно значење за жителите од овој регион.

- Овој патен правец честопати беше оштетуван од врнежите на дожд и од самата негрижа во минатото. Денес се става крај на овој проблем, овој потег ќе биде целосно асфалтиран, вели Паунов.

Вкупната инвестиција е 4.800.000 денари, средства наменети за реконструкција на три улици - во село Балван, во Стар Караорман и дел од патот од Радање до Оџалија. Во меѓувреме завршена е и изградбата на патниот правец од селото Таринци до селото Долни Балван, а веќе се поставува и осветлувањето.

Во текот на наредната недела треба да се реализира примоопредавањето, со што Карбинци за првпат ќе добие пешачка и велосипедска патека. вдј/бак/

Фото: МИА 
 

 
 

 

 

Остани поврзан