• среда, 27 ноември 2024

Заврши дебатата во Народното собрание на Бугарија, гласањето за доверба на Владата е утревечер

Заврши дебатата во Народното собрание на Бугарија, гласањето за доверба на Владата е утревечер
Софија, 21 јуни 2022 (МИА) - Речиси осум часа Народното собрание на Бугарија расправаше за предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од ГЕРБ откако партијата „Има таков народ“ ги повлече четворицата министри од Владата на Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пратениците од владејачките партии и опозицијата со часови дебатираа дали финансиската и економската политика на Владата е успешна или не. Гласањето за предлогот за смена на Владата на Петков ќе биде утре во 19 часот и 10 минути. нк/паг/    

Остани поврзан