• петок, 27 декември 2024

Заврши асфалтирањето на кружниот тек кај локалитетот „Митев мост“ во Куманово

Заврши асфалтирањето на кружниот тек кај локалитетот „Митев мост“ во Куманово
Куманово, 10 август 2022 (МИА) - Заврши асфалтирањето на кружниот тек помеѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово, кај локалитетот „Митев мост“, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На кружниот тек планирано е да се постави и улично осветлување, да се постави соодветна сообраќајна сигнализација и хортикултурно да се уреди. Од општинскиот буџет за изградбата на овој кружен тек одвоени се 35 милиони 868.459, 85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“. Тендерот заврши во август, лани. Во меѓувреме се гради и кружниот тек кај Серава, помеѓу булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“. За оваа инвестиција Куманово одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, а го гради кумановската компанија „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Кумановци, пак реагираат дека поради изградбата на двата кружни тека во Куманово, на булеварите се оптоварува сообраќајниот метеж на двете фреквентни локации. Претходно, општина Куманово го изгради кружниот тек на влезот од Куманово за кој одови 20 милиони денари. Општината најави и изградба на кружен тек во близина на автобуската станица. ам/цр

Остани поврзан